Moj НРП

Уреден и еколошки двор

Изјава УРЕДЕН И ЕКОЛОШКИ ДВОР
Полиса Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина.
Цели Функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето и градинката.

Точки за акција 1. Отстранување на непотребни и нефункционални предмети и растенија од дворот (исушени цвеќиња и дрва, скршени клупи, скршени корпи и слично).
2. Садење на локални дрвја на секои 5м2.
3. Садење на листопадни дрвја на соодветна локација кои во лето ќе служат како заштита од сонцето а во зима ќе ја пропуштаат светлината.
4. Садење на локални цвеќиња.
5. Оградување на дворот со жива ограда и поставување клупи.
6. Поставување и означување на корпи за органско ѓубре, за хартија и за пластика.
7. Санирање (бојадисување, врзување, лепење и слично) на оградата или замена на оштетената ограда со нова.
8. Изработка на план за наводнување (систем капка по капка, собирање на дождовницата, распоред на денови за наводнување според зеленилото со користење на техничка вода и слично)
9. Редовно чистење на дворот.
10. Одржување на зеленилото (редовно кастрење на зеленилото и косење на тревата).
11. Поставување патека до влезот на зградата.
12. Означени места со изработени и поставени знаци видливи за сите во дворот (за место за игра, место за одмор, место каде што не треба да се гази и слично.
13. Истакнување на упатства за одржување на дворот.
14. Назначување одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно бројот на групи во градинката за спроведување на горенаведените точки на акција.
15. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и ќе го контролираат процесот на имплементација на овие активности.

Индикатори
1. Извештај за бројот на отстранети непотребни предмети и растенија во дворот.
2. На 5м2 засадани локални дрвја (во зависност од големината на дворот).
3. Број на правилно засадени листопадни дрвја пред прозорците на училниците; засадени на соодветно растојание.
4. Број на засадени локални цвеќиња.
5. Ограден двор со жива ограда и број на поставени клупи.
6. Број на поставени и означени корпи за органско ѓубре, хартија и пластика.
7. Бојадисана или нова ограда.
8. Изработен план на денови и часови за наводнување (посебно за летниот период, пролет, есен) и поставен систем за рационално наводнување и користење на техничка вода: систем капка по капка, собирање на дождовницата.
9. Чист и уреден двор.
10. Искосена трева, искастрени и уредени дрвја.
11. Поставена патека од влезот на дворот до зградата.
12. Изработени и поставени знаци во дворот.
13. Број на истакнати упатства за одржување на дворот.
14. Имиња на одговорните лица и извештај за спроведување на горенаведените точки на акција.
15. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции.

КРАЕН РЕЗУЛТАТ
УРЕДЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН ДВОР.