Moj НРП

Покана за учество на Trash Fashion 2013

Покана за учество на Trash Fashion 2013

По повод Светскиот ден на животната средина 5 јуни, Здружението на граѓани ОХО  организира Trash Fashion – модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали. 
 
Модната ревија Trash Fashion претставува натпревар наменет за средните училишта кои се вклучени во Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја импелемнтира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука. 
 
Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.  
 
Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во  изработка на облека и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаење и навики за реупотреба на материјалите.  
 
За таа цел, ОХО ги поканува сите државни и приатни средни училишта да учествуваат во овој натпревар со своите креативни модни дизајни изработени со реупотреба на природни или вештачки материјали. 
 
За каков натпревар станува збор? 
 
Натпреварот ќе се одржи по трет пат во Македонија и претставува модна ревија во која учениците од средните училишта ќе имаат можност да изработуваат облека и модни додатоци со реупотреба на материјали (стара хартија, пластика, стара облека, кеси, цд-а, природни материјали и др.)  
 
На Trash Fashion, ќе се избираат најдобрите модни дизајни според претходно одредени критериуми. 
 
Оваа година секое училиште ќе може да учествува  и да се претстави со еден моден дизајн кој ќе го изработуваат тим ученици водени од училишниот  ментор/наставник.  
Оваа активност вклучува собирање материјали за изработка на облеката и модните додатоци, скицирање и креирање на самиот модел.  
Како вашето училиште да учествува на Trash Fashion 2013? 
 
Училиштата кои сакаат да учествуваат на Trash Fashion 2013 треба прво да се регистрираат на веб страната на  www.nrp.org.mk , во делот Конкурси Trash Fashion 2013 (директен линк: http://www.nrp.org.mk/trashfashion.aspx?cid=223&l=5&scID=223 ) 
најдоцна до 22 Февруари 2013 до 12 часот.   
 
Сите регистрирани училишта ќе добијат одговор до 01.03.2012 и апликација за учество со упатство за следните чекори.  
 
Доколку имате некое прашање обратете се исклучиво со ипраќање на е-порака на trashfashion@oxo.org.mk 
 
ВАЖНО: училиштата кои нема да извршат регистрација до предвидениот рок и исклучиво преку приложениот линк на веб страната, нема да имаат можност да учествуваат на Trash Fashion 2013.